Вработување - Практиканство

Врз основа на одредбите од Законот за практикантство, член 4 (Службен весник на РСМ бр.98/19) и Програмата на ГБЦ Комуникации, се објавува следниов:

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

ГБЦ Комуникации ДООЕЛ Штип има потреба од 4 (четири лица), практиканти, во следниве области:

- Сервис и одржување Радио кафе и Мултимедијален центар;

- Производство на храна;

- Сервирање на храна;

- Дистрибуција на храна; и

- Организирање на посебни промотивни настани.

Се известуваат сите заинтересирани лица до 34 години, кои сакаат да станат дел од нашата компанија да се пријават на овој повик за практиканти со поднесување свое CV на меил vrabotuvanje@gbccom.com.mk или во просториите на ГБЦ Комуникации кои се наоѓаат на ул.5-та Партиска Конференција бр.32А, поточно во Мултимедијален Центар Канал 77, нас. Сењак.

 

Услови кои треба да ги исполнуваат се:

  • да не е во работен однос, односно да е со статус невработено лице, пријавено во Агенцијата за вработување;
  • да не е постар од 34 години;
  • да не обавуваат практична обука во друга компанија или јавна институција;
  • да имаат најмалку основно образование.

 

Практикантот при тоа ќе добие:

  • ќе се стекне со практична обука во траење од 3 месеци или 6 месеци;
  • по завршување на практичната обука ќе му се издаде Потврда;
  • не го губи статусот на невработено лице, но ќе биде пријавено во Агенцијата за вработување како практикант;

 

Условите, правата и обврските ќе бидат утврдени со Договор, кој ќе биди склучен помеѓу практикантот и ГБЦ Комуникации, согласно Програмата на ГБЦ Комуникации.

 

ГБЦ Комуникации ДООЕЛ Штип

Штип, 29.10.2019 година                                                      Управител Горан Гаврилов

Програма за практиканти

ВРВ
mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian