ГБЦ Комуникации е основана на 20.12.1989 година во Штип од страна на Горан Гаврилов, како нејзин сопственик и управител. Основна дејност на компанијата е радио и ТВ активност со маркетиншко посредување.
ГБЦ Комуникации е основач на следниве комапнии:
- Трговско радиодифузно друштво Радио Канал 77, со седиште на адреса: 5та Партиска Конференција ББ - Штип од 11.06.1998 година. Основна дејност на Радио Канал 77 е радио актиновсти.
- Македонски медиа сервис ММС, со седиште на адреса: 5-та Партиска Конференција ББ - Штип од 23.06.2008 година. Основна дејност на ММС е посредување во развој на културата.
ГБЦ Комуникации инвестираше во Мултимедиален центар Канал 77 во Штип, со површина од 3000 м2. Во склоп на Мултимедиалниот центар Канал 77 се наоѓаат:
- Студио на Радио Канал 77. Во Мултимедиалниот центар е сместено студиото на Радио канал 77, оддел новинари, оддел водители, продукција и администрација. Програмата се емитува од студио Штип и студио во Скопје.
- Ресторан Радио Кафе Канал 77. Ресторанот е со капацитет за 100 лице во затворен простор и за 210 лица на отворен простор. На летната тераса на Радио Кафе Канал 77 има можност за огранизирање на поголеми свечености со капацитет за седење за 400 лица. Во склоп на летната тераса на Радио Кафе Канал 77 има летна сцена-бина наменета за музички групи за поголеми и помали концертни настапи. Капацитетот на летната тераса е за 200 лица. Радио Кафе Канал 77 е ресторан од прва категорија со 4 ѕвезди, со Решение број 13-4570/2 од 03.10.2014 година, издадено од Министерството за економија на Република Македонија. "Разбудете ги Вашите сетила за вкус" е мотото на Радио Кафе Канал 77.
- Конгресна сала. Високо технички опремена конгресна сала со капацитет за 160 лица.
- Промо сала. Промо салата е наменета за помали презентации до 30 лица.
- Лоби бар. Лоби барот е место наменето за организирање на кафе паузи и помали коктел забави. Лоби барот ги поврзува конгресната и промо салата. Капацитетот за стоење е за 100 лица.
- Апартмани. Во склоп на Мултимедиалниот центар се наоѓаат и три апартмани за ноќевање со вкупен капацитет од 6 легла. Апартманите се опремени со кабелска ТВ, ЛЦД телевизори, WiFi Интернет. Резервации за користење на апартманите може да се направат и преку веб страната на Booking - https://www.booking.com, а на пребарувачот впишете Радио Кафе Канал 77.
- Фитнес сала. Фитнес салата е опремена со квалитетна професионална опрема и истата располага со туш кабина и гардероба. Фитнес салата е со површина од 40м2.
- Сопствен паркинг простор. Мултимедиалниот центар Канал 77 располага со сопствен паркинг простор до 50 возила за своите посетители.
Според своите идни развојни планови ГБЦ Комуникации ја подготвува документацијата за отворање на своја сопствена национална телевизија ТВ7.
Полн назив на компанијата: Друштво за трговија, услуги, маркетинг и информации ГБЦ Комуникации дооел Штип
Седиште и адреса: 5-та Партиска Конференција ББ, 2000 Штип
Матичен број: 4124189
Единствен матичен број: 4029989106654
Година на основање: 1989 година
Жиро сметка: 380971649600152, депонент Прокредит Банка