Македонски Медиа Сервис (ММС) е трговско друштво основано 2008 година.Основна дејност на Македоски Медиа Сервис е продукција на мултимедијални содржини, кои се објавуваат преку основниот информативен портал mms.mk. Овие содржини се наменети за широката публика (B2P) и медиумите кои ќе користат сервис (B2B).

Целната група на ММС е старосна популација од 25 - 45 години, која е е средно и високо образована, која има интерес  за информации и содржини, првенствено за Македонија и регионот.

Нашата редакција се состои од 9 редовно вработени луѓе и тоа :

Уредник – 1 лице
Новинари – 5 лица
IT  – 3 лица

Наша тенденција е 80 % од содржините да бидат од сопствена продукција додека останатите вести да ги добиваме преку соработкa со останати релевантни медуими од Македонија и регионот, со кои имаме потпишано договори за меѓусебно преземање на содржини.

Наш најголем предизвик се истражувачките стории, кои можат да придонесат кон подобрување на општествените случувања во Македонија и да бидат коректор на власта.

ММС е член на асоцијацијата на портали – ИАБ Македонија и склучивме договор со  Агенцијата за истражување и мерење Ипсос за бидеме вклучени во мерењето на порталите – Ипсос (Дометрикс)

ММС е потписник на декларацијата за почитување на авторските и сродни права. Деловната политика на ММС е да ги почитува сите законски и професионални норми во медиумите. ММС е член на Совет за етика во медиумите на Република Македоија(СЕММ), додека новинарите од нашата редакција се членови на Здружението на новинари на Република Македонија(ЗНМ).

TOP